сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Технологија

Социјалните мрежи паднаа, корисниците реагираа: Сега е откриена причината за тоа

Социјалните мрежи паднаа, корисниците реагираа: Сега е откриена причината за тоа

Инстаграм, Фејсбук и Вац Ап паднаа и голем број корисници останаа без нивните услуги. Во тие моменти, ќе признаете, сфативме колку сме зависни од социјалните мрежи.

Од социјалните мрежи излегоа со соопштение во кое наведоа што бил проблемот и како истиот во најбрзо време бил решен.

Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видео-клипови и други фајлови на ФБ, Ватсап и на Инстаграм.

За време на рутинска операција за поддршка е создаден проблем од наша страна, и тоа е причина што некои корисници не можеа да ги користат целосно нашите платформи, соопштија од ФБ.

Тие не дадоа коментар дали ќе вратат пари на компании кои се рекламираат за времето додека постоеле техничките проблеми.