четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 140
home Технологија

Со еден твит ја намали вредноста на „Тесла“ за 14 милијарди долари

Со еден твит ја намали вредноста на „Тесла“ за 14 милијарди долари

Илон Маск со еден твит ја намалил вредноста на својата автокомпанија „Тесла“ за 14 милијарди долари, откако напиша дека цената на акциите е превисока.

Тој изгубил дополнителни три милијарди долари откако некои инвеститори нагло се повлекле од компанијата.

-Според моето мислење, цената на акциите на ‘Тесла“ е превисока, напиша Маск во еден од серијата твитови.

Меѓу другото, тој во нив вети дека ќе продаде сѐ што поседува и дека девојка му му е лута.

„Вол стрит џурнал“ го праша Маск дали се шегувал во твитот за цената на акциите, на што добил одговор „Не“.

Вредноста на „Тесла“ оваа година порасна до речиси 100 милијарди долари, што Маск претходно го постави како предуслов да може да добие бонус исплата од стотици милиони долари.

Оваа недела, тој како фашистичка ја опиша наредбата да се седи дома поради коронавирусот и повика повторно да се отвори економијата.

Парламентарни избори 2020