петок, 5. август 2022. Вести денес: 110
home Технологија

Samsung потврди: Не ги прекинува чиповите Exynos

Samsung потврди: Не ги прекинува чиповите Exynos

Samsung ги отфрли шпекулациите дека го прекинува производството на сопствените Exynos чипови.

Бројни гласини во текот на изминатите недели сугерираа дека јужнокорејската компанија ќе престане да имплементира Exynos чипови во своите водечки телефони за 2023/2024 година.

Исто така, беше споменато дека Samsung може целосно да го запре производството на овие чипови. Последните извештаи од Јужна Кореја, повикувајќи се на Samsung, тврдат дека гореспоменатите наводи се лажни.

Изјавата на Samsung дојде за време на финансискиот извештај за вториот квартал од 2022 година. Samsung истакна дека не планира да го запре производството на своите Exynos чипови и работи на проширување на конкурентноста на брендот Exynos.

Компанијата вели дека развива и премиум процесор специјално за серијата Galaxy S. 1000+ Dream Team на Samsung наводно работи на нов водечки чип, а неговиот развој е една од причините за одложување на објавувањето на новиот Exynos чип.

Планираниот период на објавување на новиот чип за серијата Galaxy S е 2025 година. Се очекува претстојните модели на Galaxy S23 да користат само Snapdragon чипови.

Коронавирус