понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 52
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Технологија

Сѐ повеќе луѓе сакаат да ги избришат личните податоци од интернет, една третина не знаат како

Сѐ повеќе луѓе сакаат да ги избришат личните податоци од интернет, една третина не знаат како
Hands working on laptop network graphic overlay ***These are our own 3D generic designs. They do not infringe on any copyrighted designs.***

Чатворица од пет интернет корисници се обиделе да ги избришат своите лични податоци од веб-страници, портали, форуми и социјални мрежи.

Има сѐ повеќе луѓе кои сакаат да преземат повеќе мерки за заштита и одржување контрола врз своите податоци на интернет, но и да ги избришат своите податоци од интернет. Истражувањата покажаа дека луѓето стануваат сѐ посвесни на кои начини нивните податоци остануваат на интернет и како може да бидат злоупотребени.

Истражувањето на компанијата за сајбер безбедност Kaspersky покажа дека 82% од корисниците се обиделе да ги тргнат своите лични податоци од интернет, но дека 37% од нив не знаат како да го направат тоа.

Во извештајот од истражувањето во кое собрани, анализирани и споредени мислењата на испитаници од 23 земји, се заклучува дека луѓето се посвесни за значењето на онлајн приватноста. Исто така се заклучува дека луѓето сѐ почесто се интересираат и информираат како да спречат нивните приватни информации да паднат во погрешни раце.

Посебно е интересно што 24% од корисниците тврдат дека нивните лични податоци или информации за нивното семејство станале јавно достапни без нивна согласност.

Коронавирус