недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Технологија

Проверете ги своите Фејсбук профили, лозинки се продаваат за 200 денари

Проверете ги своите Фејсбук профили, лозинки се продаваат за 200 денари

Лозинки за Фејсбук се појавија во продажба на „црниот веб пазар“ по цена од само 3,90 долари, додека лозинките за и-мејлови се продаваат по 2,70 долари, покажуваат извештаите по објавата дека речиси 50 милиони профили на социјалната мрежа се хакирани, откако некој успеал да го пробие безбедносниот ѕид.

Тоа доведува до заклучок дека нечиј комплетен он-лајн живот би можел да биде достапен некому за мали пари, што ги вклучива сите кориснички имиња, лозинки и адреси и и-мејлови.

Веста за продажбата на лозинките за Фејсбук профили доаѓа само неколку денови откако компанијата откри дека дошло до огромен безбедносен проблем, кој ги погоди 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа, вклучувајќи го и првиот човек Марк Цукерберг.

Профилот ви е хакиран ако ги забележите следните работи:

-Мејлот или лозинката ви се сменети

-Сменети се името и датумот на вашето раѓање

-Барања за пријателство се испратени на луѓе кои не ги познавате

-Од вашиот профил се испратени пораки на луѓе кои не ги познавате

-Објавени се постови кои не сте ги напишале вие.