четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 122
home Технологија

Пристигнува долгоочекуваната опција на Инстаграм

Пристигнува долгоочекуваната опција на Инстаграм

Инстаграм ја воведува долгоочекуванта опција, за која може да се рече дека ќе израдува многумина и дефинитивно е сигурно дека ќе го подобри користењето на оваа мрежа од компјутери и лаптопи.

Инстаграм апликацијата моментално постои и може да се користи од десктоп, но една опција во моментов не е можна – објавување фотографии и видеа преку компјутер.

Отпрвин, од десктоп можевте да ги прегледувате само објавите на другите корисници, па затоа Инстаграм со текот на времето додаде да можете да прегледувате Инстаграм приказни, да коментирате и на крај и да испраќате пораки.

Остана уште да ја воведат можноста за објавување од компјутер, што ќе го сторат наскоро.

Корисниците ќе можат да прават од компјутер сè што може да се направи на апликацијата од телефон, што е одлично за многумина.

Инстаграм во моментов ја тестира најновата опција што ја вметнува, но сè уште не е познато кога можноста за објавување ќе стигне до нашите компјутери.

ЕУРО 2020

Македонија