понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Технологија

Пред 15 години Bugatti Veyron ја проби магичната бариера од 400 км/ч

Пред 15 години Bugatti Veyron ја проби магичната бариера од 400 км/ч

Bugatti Veyron во 2005-та година стана првиот продукциски автомобил кој го собори овој импресивен брзински рекорд.

Тој априлски ден пред 15 години, тест возачот Уве Новацки седна зад воланот на Veyron 16.4 и испиша нова страница во историјата на Bugatti, но и општо во автомобилизмот.

Серискиот Bugatti Veyron како погон го користеше 8.0-литарскиот W16 со четири трубо полначи кој развива импресивни 1001 коњски сили и максимален обртен момент од 1250 Nm. Тоа беше воедно и првиот сериски автомобил кој располагаше со над илјада коњски сили.

Veyron 16.4 од 0 до 100 километри на час забрзуваше за 2,5 секунди, додека за да развие брзина од 200 километри на час му беа потребни 7,3 секунди. Веќе за 16,7 секунди овој импресивен автомобил достигаше брзина од 300 километри на час!

Уве Новацки успеа да ги оствари двете цели со оглед на тоа што во еден момент неговиот Veyron „леташе“ со 411 км/ч. Сепак, официјално регистрираната брзина беше 407 км/ч затоа што при мерењето се земаа во предвид возењата најпрвин во еден, а потоа и во обратен правец.

Bugatti Veyron поставуваше нови рекорди во годините кои што следуваа. Во јуни 2010-та година Veyron 16.4 Super Sport со 1,200 коњски сили достигна брзина од 431 км/ч, а во април 2013-та година Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse со 408,84 км/ч стана најбрзиот продукциски родстер на светот.

Коронавирус