среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Технологија

„Порнхаб“ заврши на суд: 34 жени ja тужат компанијата за објавување на видео снимки без нивна дозвола

„Порнхаб“ заврши на суд: 34 жени ja тужат компанијата за објавување на видео снимки без нивна дозвола

Триесет и четири жени го тужат Сајтот Порнхаб повторно е мета на напади, откако 34 жени го тужеа оваа недела, тврдејќи дека без нивна согласност, страницата ги објавила во видео снимки на кои е прикажано силување, сексуално злоставување или нивни фотографии кога биле малолетни.

– Станува збор за силување, а не за порнографија, велат подносителите во тужбата, опишувајќи ја веб страницата како „веројатно најголемото нерегулирано складиште на детска порнографија во Северна Америка и пошироко“.

Нивните адвокати ја обвинуваат MindGeek, контроверзната империја за забава за возрасни, која управува со Порнхаб, дека е „класично злосторничко претпријатие“, кое спаѓа во деловен модел заснован на сексуална содржина без согласност на засегнатите лица.

Според тужбата, поднесена во Калифорнија, MindGeek поседува повеќе од 100 порнографски страници, вклучувајќи ги Порнхаб, РедТјуб, Тјуб8 и ЈуПорн, кои регистрираат околу 3,5 милијарди посети секој месец.

Коронавирус