среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Технологија

Поради големиот број критики, Фејсбук ја укинува оваа опција

Поради големиот број критики, Фејсбук ја укинува оваа опција

Во текот на наредната недела „Фејсбук“ ќе ја тргне опцијата „тековни вести“ (trending news) што се наоѓаше на десната страна на десктоп-верзијата на оваа популарна социјална мрежа.

Причина за ваквата одлука се големиот број критики што подолг период биле упатувани на адреса на менаџментот на „Фејсбук“, со тврдење дека станува збор за бескорисна опција и дека меѓу тие вести најчести се лажните вести.

Оваа опција им беше достапна на корисниците од пет земји и со кликовите на медиумските куќи имале удел во заработката од 1,5 отсто.

Компанијата моментално тестира други начини за „доставување“ популарни, најнови, но и други категории вести, како на пример – локални новости.

Поранешните уредници на „Фејсбук“ рекле дека негодувањата за „тековните вести“ почнале во 2016 година и додале дека имале право на уредување на насловите, и признале дека „рутински ги потиснувале“ конзервативните стории.

На многу корисници на оваа социјална мрежа им било тешко да замислат дека „Фејсбук“ може да го замени „Твитер“ кога станува збор за пласирањето вести. Опцијата „тековни вести“ на оваа платформа им помогнала побрзо да соберат информации, но тоа не ги навело луѓето да се навикнат на таков начин на информирање и да веруваат во објавените содржини.

Од „Фејсбук“ објасниле дека укинувањето на оваа опција ќе им даде шанса за нови новинарски производи. Во нивното образложение не било јасно наведено дали на овој дел на почетната страница (News Feed) ќе биде воведена сосема нова опција или сепак станува збор само за поинаков начин на дистрибуција на вести.