понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 14
home Технологија

Паметните телефони ќе откриваат дали сте претерале со алкохолот

Паметните телефони ќе откриваат дали сте претерале со алкохолот

Не е секогаш лесно да се знае дали сте испиле премногу алкохол, но во тоа би можел да ви помогне вашиот паметен телефон, со мерење на промените во начинот на кој одите. Овие информации би можеле да им помогнат на луѓето да го намалат внесувањето алкохол и да спречат возење под дејство на алкохол, велат истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург.
Истражувачот и лекар за итни случаи Брајан Сафолето и неговиот тим пронашле 22 волонтери на возраст од 21 до 43 години. Секому од нив му бил даден еден час да консумираат коктел во кој имало доволно вотка за да создадат по два промили алкохол во крвта што е многу повеќе од дозволените 0,8 промили за возачите во САД.

Потоа на секој волонтер му бил фиксиран паметен телефон на долниот дел на грбот и седум часа ги тестирале нивоата на алкохол во крвта и можноста да одат во права линија. Требало да направат десет чекори во една насока, да се свртат и да направат десет чекори назад.
Тимот на Сафолето забележал дека во 90 отсто од случаите дошло до промена во движењето на волонтерите што користеле акцелерометри на паметните телефони и тие прецизно можеле да предвидат кога концентрацијата на алкохол во здивот на волонтерот го надмина дозволениот лимит.

Коронавирус