сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 62
home Технологија

Падна „Твитер“: 70.000 корисници пријавуваат проблеми

Падна „Твитер“: 70.000 корисници пријавуваат проблеми

Акциите на Твитер се во пад откако корисниците ширум светот објавија проблеми со пристапот до платформата за микроблогирање, јави Ројтерс.

„Во моментов ги испитуваме проблемите со кои луѓето се соочуваат при пристапот до Твитер“, рече портпаролката на компанијата.

Твитер не даде никакви детали за падот.

Веб-страница за следење на прекини на сервиси Даундетектор (Downdetector.com) покажа дека речиси 70.000 луѓе ширум светот пријавуваат проблеми со Твитер.