вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 126
home Технологија

Овој робот заменува дадилка, децата го обожуваат

Овој робот заменува дадилка, децата го обожуваат

Кога дете ќе го види овој робот веднаш го прифаќа како пријател, велат од кинеската компанија која го продава за 1.200 евра. iPal зборува кинески и англиски, знае шеги, а најавен е и робот наменет за стари лица.

Роботот со големина на дете, кој зборува кинески и англиски, предава математика, кажува шеги и предлага игри неодамна е претставен во Шангај, а замислен е како придружба на најмалите деца кои немаат со кого да си играат.

iPal е висок колку просечно петгодишно дете и се движи на тркала, на пристите има голем таблет, а неговите очи се опремени со технологија за препознавање лица.

-Робото е замислен да биде друштво за децата, рече Танџи Хуанг, коосновач на AvatarMind Robot Technology, развојната компанија која е основана пред четири години, а седиштето се наоѓа на истокот од Кина.

-Кога детето ќе го види нашиот робот веднаш го прифаќа како пријател, второ дете во семејството, рече тој.

Робото е со бела боја, а може да се одбере дали ќе аглите ќе бидат во розева или сина боја. Родителите можат да овозможат да разговара со детето.

Цената му е околу 1.200 евра, а луксузниот модел со батерија која има продолжен век на траење достигнува и нешто над 1.700 евра.