недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Технологија

Оваа земја гo забрани Јутјуб на еден месец

Оваа земја гo забрани Јутјуб на еден месец

Највисокиот египетски суд донесе одлука да го укине Јутјуб во земјата на еден месец, поради видеата коишто содржат непримерни содржини и пораки за исламскиот пророк Мухамед.

Одлуката е донесена како епилог на процесот против аматерскиот филм „Невиноста на муслиманите” од 2012 година, каде што пророкот Мухамед е претставен како кловн и педофил.

Тоа видео предизвика масовни протести со антиамерикански карактер низ целиот Блиски Исток, во кои имаше и 30 настрадани.

Ставот на Вашингтон е дека видеото е направено приватно, без поддршка од официјални лица.