И покрај големиот број предупредувања и потсетување од страна на експертите да се обрне внимание околу лозинките кои се користата, голем број луѓе и натаму својата приватност ја доверуваат на лозинката која прва ќе им падне на ум.
Поради ова најчестата користена лозинка во 2017 година не е никакво изненадување.
Втора година по ред, најкористена лозика е „123456“.
Во текот на 2017 имаше голем број на хакирања и одвив на сигурносни информации, а истражувањето покажало дека споменатата лозинка била најпопуларен избор кај корисниците кои биле мета на ваквите напади.
На второ место по популарност е зборот „password“ како лозинка.