понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 24
home Технологија

Омилената игра на Фејсбук заминува во историјата

Омилената игра на Фејсбук заминува во историјата

По 11 години и повеќе од 32 милиони корисници, омилената Facebook игрица заминува во историјата. Издавачот на играта само кратко соопшти: „Ви благодарам, ова е залезот на омилената игра“.

Во краткото соопштение од Zynga, издавачот на играта, беше кажано дека FarmVille ќе згасне на последниот ден од 2020.

FarmVille функционира преку системот Adobe Flash кој одамна е надминат и напуштен од многумина поради лошите карактеристики и ниското ниво на безбедност. Facebook го укинува Flash и преминува на унапреден и безбеден HTML и други стандарди.

Играта FarmVille нормално ќе функционира до 17 ноември, а потоа ќе почне гаснење на играта дел по дел, а ќе се почне со укинување на поддршката за купување и размена на добра.

За жал, ќе биде невозможо да се вратат парите вложени во играта, а VIP членовите кои платиле членство ќе останат без некаков надомест.

Zynga на тој начин ќе згасне една од најпопуларните игри на сите времиња, која с епојави во 2009 година и ја заиграа најмалку 10 милиони луѓе веднаш по лансирањето. Zynga направи неверојатен потег кога се здружи со платформата на Facebook, правејќи ја совршената формула што функционираше 11 години.

Компанијата нагласи дека ќе згасне само оригиналната игра FarmVille, а на другите веб платформи ќе може и понатаму да се играат FarmVille 2 Tropic Escape, FarmVille 2 Country Escape, FarmVille 2, а наскоро ќе стигне и FarmVille 3.

Коронавирус