сабота, 15. август 2020. Вести денес: 71
home Технологија

Нови функции на „Гугл хром“ за поголема интернет безбедност

Нови функции на „Гугл хром“ за поголема интернет безбедност

Пребарувачот „Гугл хром“ воведува неколку нови функции, кои сурфањето на интернет ќе го направат побезбедно. За почеток, на пример, кога ќе се обидете да се пријавите на некоја локација, Хром ќе предупреди ако вашето корисничко име или лозинката се загрозени.

Исто така, како што пренесува „Ендгаџет“, ќе може да ја смените секоја лозинка што сте ја користеле претходно.

Според компанијата, оваа новина е нешто што тие го работат подолго време годинава. Пребарувачот веќе ја има опцијата за предупредување кога корисникот се префрла на интернет страница, наведувајќи што всушност може да ги украде информациите. Гугл соопштува дека оваа функција ќе предупредува за потенцијална закана и отсега ќе биде со 30 отсто поголема точност.

Натаму, „Гугл хром“ ќе потсетува ако е зачувана лозинката на споделен компјутер или на друг профил.

Коронавирус