сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 28
home Технологија

Новата опција на Инстаграм ги подели корисниците: Некои се радуваат, некои се нервираат

Новата опција на Инстаграм ги подели корисниците: Некои се радуваат, некои се нервираат

Инстаграм потврди дека корисниците повеќе нема да може да видат ако некој направи „screenshot“ од нивната стори објава.

Претходно оваа година, Инстаграм предизвика паника меѓу корисниците откако започна да се тестира функцијата која им покажува на корисниците кога некој со снима нивното стори.

Кога корисник за првпат ќе се обиде да направи „screenshot“ од стори на некој следбеник добивал предупредување „Следен пат кога ќе ја снимате приказната, личноста која ја поставила тоа ќе може да го види.“

Во некои моменти, дел од корисниците веќе не ни добивале предупредување.

Сега компанијата одлучи да ја промени оваа функција, а на многумина нема да им биде мило да слушнат дека веќе нема да може да гледаат кој од нивните следбеници направил „screenshot“ од некоја нивна фотографија или видео. Сепак има и такви кои се радуваат дека нема да бидат откриени.