сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 2
home Технологија

Нов Јутјуб предизвик што може да убие

Нов Јутјуб предизвик што може да убие

Не стивнува популарноста на Јутјуб видеата што ги предизвикуваат младите на неразумни постапки, ризични за нивното здравје и живот.

По неколку интернет-предизвици кои резултираа со бројни сериозни повреди и згаснати млади животи, како што беше, на пример, „екстремно селфи“, на самиот почеток на годинава се појави и предизвик инспириран од новиот хорор-филм „Bird Box“.

Во него, Сандра Булок глуми мајка на две деца, која заедно со нив треба со врзани очи да пропатува одредено растојание, а да не го видат суштеството што ги тера луѓето на самоубиство.

Идејата да се мине од една точка до друга, вклучувајќи и задачи како онаа – да се премине улица со врзани очи, е основа за новиот предизвик.

Противниците на овие предизвици го посочуваат фактот дека во речиси секој од претходните вакви ризични потфати имаше повредени и/или загинати млади луѓе.