среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Технологија

Нинтендo ја оживеа една од најстарите рачни конзоли (ВИДЕО)

Нинтендo ја оживеа една од најстарите рачни конзоли (ВИДЕО)

Нинтендо овој ноември посебно ги израдува носталгичарите, претставувајќи ја една од најстарите рачни играчки конзоли, Game & Play од осумдесеттите години.

Преносната конзола Game & Watch прв пат беше претставена во 1980. година и се произведуваше до 1991. година, а во многу е одговорна за успехот на Nintendo. Оваа конзола беше далеку од она што Nintendo денес ги нуди низ своите најпродавани игри.

Nintendo ја продаваше рачната видео игра Game & Watch пред светот да се заљуби во Game Boy. Ако сте мислеле дека новиот Game & Watch ќе биде многу помодерен и посовремен, се мамите. Јапонскиот производител не сакаше многу да го менува оригиналниот изглед на конзолатѕа, освен што вгради LCD екран во боја.

\

Game & Watch во новата верзија се полни преку USB-C кабел, а достапен е во црвен и златен дизајн. Доаѓа со три Super Mario игри, и тоа Super Mario Bros., Super Mario Bros.: The Lost Levels и играта Ball во која се појавува Mario, а која остана во црно-бела боја.

Продажбата на рачната конзола Game & Watch е лимитирана, а уредот чини 49,99 долари.

Извор: usb.mk

Коронавирус