Технологија предупредуваат експертите

Неконтролиранaта потрошувачката на струја од центрите за ВИ е закана на глобалното снабдување со енергија

Огромните скокови во побарувачката на енергија во центрите за податоци што се применува со моделите на вештачка интелигенција, заедно со нестабилните резерви на обновлива енергија, ќе доведат до „двојна нестабилност“ што ќе го отежнува одржувањето на енергетските системи.

Неконтролиранaта потрошувачката на струја од центрите за ВИ е закана на глобалното снабдување со енергија

Владите мора да го ограничат порастот на потрошувачката на електрична енергија од страна на големите технолошки компании, за да можат да го оддржат стабилно снабдување, предупреди раководителот на најголемиот светски производител на трансформатори.

Андрес Ширенбек, главен извршен директор на „Хитачи Енерџи“, во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека на ниедна друга индустрија нема да ѝ биде дозволено да користи енергија толку „нестабилнo“ како за секторот за вештачка интелигенција.

Огромните скокови во побарувачката на енергија во центрите за податоци што се применува со моделите на вештачка интелигенција, заедно со нестабилните резерви на обновлива енергија, ќе доведат до „двојна нестабилност“ што ќе го отежнува одржувањето на енергетските системи.

„Центрите за податоци со вештачка интелигенција се многу поразлични од канцелариските центри за податоци, затоа што тие навистина брзо растат. Ако го стартувате вашиот алгоритам за учење со вештачка интелигенција и им дадете податоци за обработка, тие го достигнуваат врвот на потрошувачката на струја за секунди и се зголемуваат до 10 пати повеќе од она што вообичаено го користеле. Ниту еден корисник од гледна точка на индустријата не би имал дозвола да се однесува вака. Доколку сакате да управувате со топилница, мора однапред да се јавите во компанијата за комунални услуги, додаде Ширенбек. Тој се залага владите да применуваат слични правила за центрите за податоци за ВИ.

Меѓународната агенција за енергија предвидува дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци ќе се удвои на 945 терават-часови до 2030 година или повеќе од моменталната енергија што ја користи цела земја како Јапонија. Ирска и Холандија веќе го ограничија развојот на нови центри за податоци поради загриженост за нивното влијание врз електричната мрежа, пренесува Сеебиз.

To top