сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Технологија

Неговиот изум е еден од најкористените уреди на денешницата: Почина креаторот на компјутерското глувче

Неговиот изум е еден од најкористените уреди на денешницата: Почина креаторот на компјутерското глувче

Еден од креаторите на првото компјутерско глувче Вилијам Инглиш, почина на 91 годишна возраст. Вилијам  е роден во 1929 година во Кентаки, и пред да и се приклучи на американската морнарица студирал електротехника.

Првото компјутерско глувче го осмислил уште во 1963 година, водејќи се по идејата на неговиот колега Дага Енгелбарта додека работеле на првата компјутерска верзија. Неговиот изум по две децении станува еден од стандардните делови од опремата на компјутерите, кои што станале многу популарни.

Првото компјутерско глувче

 

Бил Инглиш бил првиот човек кој што го користел компјутерското глувче кога направил протитоп во текот на истражувачки проект на Дага Енглебарт на Истражувачкиот институт во Стенфорд. Оригиналната идеја била на Енглебарт, додека за изработката бил задолжен Вил.

Неговата прва верзија на компјутерско глувче била напраена од дрвена кутија со едно копче, додека под нејзе се наоѓале две тркалезни точки под агол од 90 степени, кои што го бележеле хоризонталното и вертикалното движење, пишува BCC.

-Работевме на средување на текстови, целта беше да направиме уред со кој ќе може да се означат зборови и реченици, изјавил Инглиш во историскиот Музеј на компјутери во 1999 година.

Двајцата во експериментот барале од корисниците да го испробаат компјутерското глувче заедно со другите уреди како што се моливи или џојстик. Така открил дека глувчето им е омилено. Направиле уред кој со години бил игнориран.

Во текот на демонстрациите во 1968 година, глувчето  за прв пат било јавно претставено, заедно со видео конференција, обработени зборови и нешто слично на интернетот. Оваа презентација подоцна била наречена „Мајка на сите демонстрации“.

Зошто уредот е наречен глувче? Некои приказни говорат дека кабелот наликувал на опашка, други дека курсорот во тоа време се нарекувало „мачка“.

-Во првиот извештај моравме некако да го именуваме. „Кафена кутија со копчиња“ не ни успеа. Требаше да има кратко име, изјавил Инглиш.

Инглиш го напуштил Истражувачкиот институт во Стенфорд во 1971 година, префрлувајќи се во истражувачкиот центар Парк. Таму ги заменил точките на глувчето со топчиња, дизајн кој се користел со децении.

 

Коронавирус