сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 1
home Технологија

Не пишувајте вакви статуси на Фејсбук, изгледате патетично

Не пишувајте вакви статуси на Фејсбук, изгледате патетично

Разликата меѓу тоа да се биде патетичен офлајн и да си патетичен онлајн е во тоа колку луѓе ќе сфатат дека некој е патетичен. Тоа е главната причина зошто нашата несреќа во животот не би требало целосно да ја пренесуваме на Фејсбук, откривајќи ги сите наши слабости, а честопати, и незнаење.

Следуваат неколку видови објави кои, ако претераме со нив, не не’ прават попаметни, туку токму спротивното.

Романтични објави

Најголем знак дека си несреќен човек, веројатно и неспособен да се вљуби и да сака, се постојаните љубовни пораки кон љубениот/-ата.

Сесии од вечери за двајца во луксузен ресторан, слики на прстен со дијамант од неколку различни агли и поминати низ неколку различни филтри на Инстаграм и се’ тоа заради што повеќе допаѓања?

На секој ваш интернет пријател во еден момент ќе му здодее тоа, доколку го „преплавувате“ Фејсбук.

Порнографија, експлицитност и болен кич

Интимноста не е за на Фејсбук и Инстаграм. Вулгарни изјави, вицеви и разголени фотографии покажуваат само лош вкус. Ако некој мисли дека има најубав задник – нема. Но, „сопственикот“ решил да го покаже пред целиот свет и така да привлече внимание, бидејќи веројатно поинаку и не знае и не умее.

Мудри мисли за животот

Кога цел еден профил е прекриен со „мудри мисли“, тоа иритира. Тажно е кога некој мора постојано да потсетува, на пример, дека „Животот е еден, и живеј го сега”; или „Кога ќе се загубиш по патот, запомни дека љубовта е песна”.

Не е лошо да се смисли и нешто оригинално.

Постојано жалење и кукање

Фејсбук е полн со „драматизатор(к)и“. Одеднаш ќе се појави некој кој е „на работ“, или „се откажува од животот“. Тука се и егоцентриците кои се убедени дека само кон нив животот и светот се неправедни, дека само тие имат болка, семејни проблеми, малку пари, малку самодоверба, и што ли уште не.

Не сте единствени. Секој си има проблеми.

Пијана фотографија или разговор

Кога некој ќе заѕвони на поранешната девојка/момче во три часот по полноќ, се засрамуваш само пред еден човек или евентуално пред уште 5-6 лица. Но, ако некој одлучи да се допишува на Фејсбук во пијана состојба, штетата е неколкукратно поголема и неповратна.

Посебно ако таа е зачинета со моментен самослик, и посебно ако лицето му пише на својот надреден кон кого има „скриени антипатии“.