петок, 5. август 2022. Вести денес: 105
home Технологија

Научниците оживеале орган од мртви свињи

Научниците оживеале орган од мртви свињи

Американски истражувачи наведуваат дека успеале да оживеат органи на свиња еден час по убивањето. Ова претставува значаен чекор напред во медицината. Новата техника би можела да го зголеми бројот на достапни органи за трансплантација кај луѓето и на тој начин на докторите да им овозможи да спасат повеќе животи.

Кога срцето престанува да чука, на телото му недостасува кислород кој му е потребен за преживување, па затоа органите се зголемуваат, крвните садови колабираат и телото умира. Научниците успеале да ги оживеат органите кај свињите со поправање на нивното оштетување при смртта.

– Може да обновиме некои функции на клетките, преку повеќе витални органи кои требале да бидат мртви. Овие клетки функционирале со часови откако тоа не требало да биде можно – изјавил професорот Ненад Шестан, кој работел на експериментите.

Истражувачкиот тим направил сличен подвиг во 2019 година, но само на свињски мозок, но сега технологијата наречена „Орган екс“ била прилагодена за сите органи.

Извор: Klix

Коронавирус