петок, 21. септември 2018. Вести денес: 49
home Технологија

Наскоро тргнуваме во вселената: Лансирано летало за туристи (ВИДЕО)

Наскоро тргнуваме во вселената: Лансирано летало за туристи (ВИДЕО)

Компанијата „Вирџин Галактик“ успешно изврши трето тестирање на својот вселенски брод за туристичи патувања. Компанијата соопшти дека леталото достигнало двојно поголема брзина од звукот и надморска висина од 52 километри.

Бродот полета со носачи на вселенски авиони од надморска висина од 14 километри.

Компанијата на милијардерот Риџард Бренсон по овој тест, кој помина успешно, уште еден чекор поблиску до букирање карти за туристичко разгледување на вселената.

По последната проба Бренсон изјави дека Вирџин Галактик го делат две или три години од првиот туристички лет.

Листата на чекање за вселенските излети кои ќе ги организира ова компанија брои над 700 потенцијални клиенти, а карта за патување ќе чини 250.000 долари.