петок, 23. јули 2021. Вести денес: 7
home Технологија

Најголем дел од вас ја користат: Оваа аппликација споделува најмногу ваши лични податоци

Најголем дел од вас ја користат: Оваа аппликација споделува најмногу ваши лични податоци

Во истражувањето на компанијата „pCloud“ која се занимава со складирање податоци, Инстаграм е најинвазивна апликација која што корисниците секојдневно ја користат.

Според истражувањето, оваа апликација споделува неверојатни 79 % од личните податоци на корисниците со други компании, вклучувајќи и информации за купување, лични податоци и историја на прегледувања.

Исто така, користи 86% од податоците за да им покаже на корисниците релевантни реклами во име на други и да продава повеќе производи од Инстаграм и Фејсбук групи.

Во однос на инвазивноста, според тој извештај, апликацијата Фејсбук е на второ место, додека апликациите Signal, Clubhouse и Netflix не ги споделуваат тие податоци со трети лица или воопшто не ги користат за маркетинг.

Коронавирус