петок, 13. декември 2019. Вести денес: 130
home Технологија

Кросовер од кој застанува здивот: Дебитираше електричниот Mustang

Кросовер од кој застанува здивот: Дебитираше електричниот Mustang

Ford и официјално го претстави својот прв електричен автомобил – кросовер Mustang Mach-E.

Mach-E е првиот електричен Mustang и првиот кросовер Mustang во историјата на популарниот модел кој е продаден во повеќе од 10 илјади примероци ширум светот. Во стандардната верзија че работи на батерии од 288 ќелии со сила од 75,7 kWh, а во помоќната верзија со 376 ќелии и 98,8 kWh.

Послабата верзија со погон на сите четири тркала ќе има автономија од околу 335 километри, а со погон на само задната осовина од 370 километри.

Кога станува збор за помоќната верзија, дометот изнесува 480 километри со погон на сите четири тркала во пакетот California Route 1, додека дометот се намалува во повисоките пакети.

Ford гарантира пристап на 12,500 станици за полнење на уште 35 илјади постоечки приклучоци ширум Соединетите Американски Држави. Од компанијата тврдат дека со десет минути полнење на 150 kW супер-полначот ќе може да се вози 75 километри.

Што се однесува до силата, Mach-E пристигнува во верзии од 255, 282, 322 и 450 коњски сили и 832 Nm во GT Performance пакет на опрема. Почетната цена на Mach-E во САД ќе изнесува околу 44 илјади долари.