недела, 22. април 2018. Вести денес: 0
home Технологија

Кинески научници создале градежен материјал отпорен на оган

Кинески научници создале градежен материјал отпорен на оган

Кинески научници развиле нов градежен материјал отпорен на оган, кој може да издржи пламен од речиси 1.300 степени Целзиусови.

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија создале композитен аерогел со ниска топлинска проводност, многу отпорен на оган.

Композитот, кој е синтетизиран од фенол-формалдехидна смола и силициум, може да издржи пламен со висока температура без дезинтеграција.

Самиот композит е високо порозен и еластичен, и покажува поголема отпорност на оган од актуелните изолациски материјали, како што се проширен полистирен и стаклена волна.

Според научниците, доколку се употребува во ѕидовите, материјалот може да ја зголеми заштитата против уривање на потпорните бетонски структури предизвикано од пожар, што ќе овозможи подолго време за евакуација на зградите.

Исто така, може да се употреби за изолација на постари згради.

МИА