вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 40
home Технологија

Јапонија се подготвува за воведување на 6Г мрежа

Јапонија се подготвува за воведување на 6Г мрежа

Јапонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација ( 6Г), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година.

За таа цела е формиран стручен совет во кој се наоѓаат технички експерти, претставници на приватните компании и надлежните јавни установи, на кои задача ќе им биде да разработат комплексна стратегија за премин кон новиот формат.

Комуникацискиот систем од петтата генерација (5Г) пролетва ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија. Во овој сегмент земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде употребата на 5Г веќе почна.

Јапонските медиуми наведуваат дека владата во соработка со стопанството сака да го надомести ова доцнење и да ја преземе водечката улога во преминот кон уште побрзиот и посигурен систем, од шестата генерација.
Широката употреба на системот 6Г особено се очекува во автономните возила без возачи.