среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 33
home Технологија

Изведен е пробен лет на ракетата со која луѓето ќе одат во вселената

Изведен е пробен лет на ракетата со која луѓето ќе одат во вселената

Ракетата „Нов пастир“ полета од западен Тексас во Соединетите Американски Држави, а откако капсулата се оддели од главното тело на ракетата, достигна висина од 119 километри, пренесува АП.

Патник беше куклата „Манекин Скајвокер“ која го доби името по познатиот лик од „Војна на ѕвездите“, Анакин Скајвокер.

Летот траеше 11 минути и капсулата безбедно слета на земјата. Ова беше деветти пробен лет на ракетата на компанијата „Блу ориџин“, наведува АП.

Компанијата во скоро време би требало да најави кога ќе почнат летовите во вселената и колку тоа ќе чини.