среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Технологија

Избришете ги: Овие апликации на вашиот мобилен телефон секогаш ја следат вашата локација

Избришете ги: Овие апликации на вашиот мобилен телефон секогаш ја следат вашата локација

Модерното време не направи робови на социјалните мрежи, мобилните телефони и секаков вид на апликации. Тие колку што ни го олеснуваат животот толку можат да бидат и штетни па затоа треба да бидеме внимателни, што инсталираме и што користиме.

Некои од апликациите кои ги превземате на вашите памени телефони можат да изгледаат како безбедни за користење и се со многу невина содржина, но притоа ви ги превземаат информациите и повеќе не можеме да бидеме сигурни каде истите ќе бидат искористени. Нивниот број не е голем, но сепак постојат.

Сосема е очекувано и нормално апликациите за навигација да ја следат вашата локација, но постојат и други апликации кои ги користите на вашиот мобилен телефон, а ја следат вашата локација.

Овие апликации ја имаат вашата локација дури и во моменти кога активно не ги користите, а тоа се апликациите за временска прогноза и апликациите за пронаоѓање партнер.

Ги има повеќе, но секоја една од нив ја користи вашата локација за која претходно не сте дале ваша согласност.

Коронавирус