петок, 14. декември 2018. Вести денес: 119
home Технологија

Инстаграм воведе опција која воопшто нема да ви се допадне

Опцијата наскоро ќе биде достапна за сите корисници на оваа социјална мрежа.
Инстаграм воведе опција која воопшто нема да ви се допадне

Иако долго време се зборуваше за опција која им овозможува на корисниците да видат кој ги „скриншотува“ нивните приказни, сега е воведена.

Сопствениците чии фотографии се зачувани нема да добиваат автоматски известувања, но наместо името на тоа лице во листата на корисници кои го гледаа „сторито“ ќе стои симбол на сонце.

Опцијата наскоро ќе биде достапна за сите корисници на оваа социјална мрежа.

Некои корисници веќе се известени за новата опција.