четврток, 6. август 2020. Вести денес: 170
home Технологија

Индија забрани 59 кинески апликации, меѓу нив се најде и ,,Тик-Ток’’

Индија забрани 59 кинески апликации, меѓу нив се најде и ,,Тик-Ток’’

Забраната започна од 15 јуни оваа година, откако по индиските и кинеските судири починаа најмалку 20 војници, а повеќе од 75 се повредени.

Владата на Њу Делхи тврди дека 59 апликации се користени за злоупотреба на лични податоци на индиските корисници кои биле на северот во Кина.

Индиските надлежни велат дека веруваат дека податоците се користат за профилирање на индиските корисници и дека тоа се елементи кои се непријателски за националната сигурност и одбрана на Индија.

Индиското министерство за информации и технологија, ја одобри забраната и соопшти дека добило препорака за забрана на користење на 59 кинески апликации од Индискиот Координациски центар за сајбер криминал. Индиското министерство примило жалби за корисниците во врска на приватноста и безбедноста на сега забранетите апликации.

Во моментот не е јасно дали индиската влада ќе ги забрани апликациите на техничко ниво бидејќи апликациите се се уште достапни во ,,плејстор’’.

Забраната на апликации тешко е да се реализира на државно ниво. Русија после две години ,,формално’’ ја укина забраната за апликацијата Телеграм, иако апликацијата никогаш не престана да работи во државата бидејќи ,,Телеграм’’ секогаш пронаоѓаше нов начин да ја заобиколи блокадата.

Кинеските апликации кои ги забрани Индија се : TikTok, Shareit, Kwai, UC Browser, Baidu map, Shein, Clash of Kings, DU battery saver, Helo, Likee, YouCam makeup, Mi Community, CM Browers, Virus Cleaner, APUS Browser, ROMWE, Club Factory, Newsdog, Beutry Plus, WeChat, UC News, QQ Mail, Weibo, Xender, QQ Music, QQ Newsfeed, Bigo Live, SelfieCity, Mail Master, Parallel Space, Mi Video Call – Xiaomi, WeSync, ES File Explorer, Viva Video – QU Video Inc, Meitu, Vigo Video, New Video Status, DU Recorder, Vault- Hide, Cache Cleaner DU App studio, DU Cleaner, DU Browser, Hago Play With New Friends, Cam Scanner, Clean Master – Cheetah Mobile, Wonder Camera, Photo Wonder, QQ Player, We Meet, Sweet Selfie, Baidu Translate, Vmate, QQ International, QQ Security Center, QQ Launcher, U Video, V fly Status Video, Mobile Legends, DU Privacy.

Коронавирус