четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 38
home Технологија

Илон Маск: „Кибер-камионот“ е веќе готов и ако имаме среќа испораќите може да почнат годинава

Илон Маск: „Кибер-камионот“ е веќе готов и ако имаме среќа испораќите може да почнат годинава

Планот за фамозниот „кибер-камион“ (Cybertruck) на „Тесла“, според Илон Маск, е веќе готов и, „ако имаме среќа“, испораките на ова електрично возило може да почнат годинава.

– Веќе нема повторување на ниво на централната изработка… Го поправивме дизајнот. Наскоро ќе ја нарачаме опремата неопходна за производство на „Кибер-камионот“. При производството, ќе користиме и машина за леење од 8.000 тони, за задниот дел на електричниот „пикап“, наспроти пресата од 6.000 тони што ја користиме за „Моделот ипсилон“, изјави сопственикот на „Тесла“.

Електричниот мал камион ќе се произведува во Остин, Тексас, САД, што во мигов се гради и ќе биде во функција некаде оваа година, според извештајот за приход на компанијата за четвртото тримесечје од 2020 година. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија