четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 28
home Технологија

Hyundai инвестираше 80 милиони евра во хрватскиот стартап Rimac Automobili!

Hyundai инвестираше 80 милиони евра во хрватскиот стартап Rimac Automobili!

Најпознатиот хрватски стартап, Rimac Automobili, ја договори досега најголемата инвестиција од своето основање и воедно најголемата инвестиција во некој хрватски стартап досега. Hyundai Motor Company, петтиот најголем производител на автомобили во светот, инвестираше во хрватскиот производител на набрзиот електричен автомобил во светот вкупно 80 милиони евра.

Јужнокорејците во рамките на договорот со Мате Римац договорија и технолошко партнерство за во текот на идните шест години на пазарот да можат да пласираат дури 44 сопствени модели на електрични автомобили. Со тоа потврдија дека Rimac Automobili се профилираше во најбитниот центар за истражување и развој за електрични автомобили во светот.

Мате Римац, основач и извршен директор на Rimac Automobili, која вработува повеќе од 500 луѓе и има годишен промет од 8 милиони евра, вели дека е импресиониран од визијата на Hyundai, како и од брзите и одлучни иницијативи.

„Во Hyundai Motor групацијата гледам силен инвеститори и технолошки партнер и верувам дека ќе помогне да се зацврсти позицијата на Rimac Automobili како доставувач на технологија за електропогон за партнерите во свтоиндустријата“ изјави Римац.

Засега не коментира колкав удел стекнал Hyundai во хрватскиот стартап, но познато е дека Hyundai Motor директно инвестирал 64 милиони евра, додека неговата поткомпанија Kia Motors инвестирала 16 милиони евра.

Првиот резултат на оваа инвестиција ќе биде проект за развој на две електрични возила со високи перформанси за Hyundai и за неговата поткомпанија Kia Motors, кои би требало да бидат довршени во крајот на годината. Во Хрватска ќе се развиваат електричен спортски автомобил со погон на спортската марка Hyundai N и хибридно возило со погон на водород и електричен погон.

Од Hyundai Motor истакнаа дека хрватскиот стартап е иновативна компанија со извонредни способности за електрични возила со високи перформанси.

Извор: inovativnost.mk