недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Технологија

Хуавеј веќе не смее да користи SD картички

Хуавеј веќе не смее да користи SD картички

На кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј и е забрането да биде член на здружението СД Асоцијација (група што одобрува стандардизација на спецификации за SD и microSD картички). Тоа значи дека на Хуавеј веќе не му е дозволено да ја имплементира официјалната поддршка за СД и микроСД картички во нивните идни телефони или лаптопи.

СД Асоцијацијата потврди дека отстранувањето на Хуавеј од групата е директна последица на наредбите на американската администрација.

СД и микроСД картичките ќе продолжат да работат на постоечкиот хардвер на Хуавеј, но не и на идните производи на компанијата.

СД Асоцијацијата не е првата што ја прекина соработката со Хуавеј, тоа веќе го направија Гугл, А-Ер-Ем, Интел, Квалком и Броадком.

Парламентарни избори 2020