понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 86
home Технологија

„Хуавеи“ се гледа како лидер на смартфон пазарот во 2020 година

„Хуавеи“ се гледа како лидер на смартфон пазарот во 2020 година

Продажбите на паметните телефони на „Хуавеи“  се зголемуваат со темпо, кое го надминува планот на компанијата, велат аналитичарите. По искачување на второто место во светот, кинеската компанија цели кон првото.

На почетокот на годината извршниот директор на „Хуавеи“, Ју Ченгдонг изјави дека кон крајот на 2018-та компанијата може да го заземе второто место на светскиот пазар за смартфони, претекнувајќи го Епл. Тоа веќе се случува – во последните два квартали продажбите на „Хуавеи“ ги надминуваат оние на Епл по број и генерално за годината компанијата изгледа ќе се зацврсти на второто место.

Во нова изјава, Ју вели, цитиран од „Гизчајна“ дека до искачувањето на „Хуавеи“ на првото место останува малку време.

– Во следната година, разликата меѓу нас и компанијата, која го зазема првото место, ќе биде многу мала. Дури е можно да излеземе со Самсунг на исто ниво. Во 2020 година, ќе имаме можност да застанеме на чело на пазарот, вели тој.

Во 2010 година, „Хуавеи“ го лансираше паметниот телефон „Хуавеи Идеос“ под раководство на Андроид со цена од 60 евра, потсетуваат аналитичарите, цитирани од изданието. За споредба, оваа година кинескиот производител понуди предводник по цена од над 1.000 евра.