четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Технологија

Гугл ќе инвестира 10 милијарди долари во Индија

Гугл ќе инвестира 10 милијарди долари во Индија

Гугл ќе инвестира 10 милијарди американски долари во Индија во текот на следните пет до седум години,каде се бори со конкурентите како Фејсбук и Амазон на огромниот пазар од 1,3 милијарди корисници.

Извршниот директор Сундар Пичаи на виртуелен настан на Гугл во Индија изјави дека неговиот фонд ќе помогне за „забрзувањето на дигиталната економија на Индија“ и ќе вклучува инвестиции во локалните бизниси и инфраструктура во области како што се дигитални плаќања, образование и здравствена заштита.

– Нема сомнение дека денес се соочуваме со тешко време во Индија и во целиот свет. Двојните предизвици, во здравствена и економска смисла, нè принудија да подлабоко да размислиме за тоа како работиме и како живееме, рече Пичаи.

– Но, моментите на предизвик можат да доведат до неверојатни моменти на иновации, рече Пичаи, роден во Индија.

Странските компании потрошија десетици милијарди долари во Индија последниве години, каде се борат за дел од растечката дигитална економија на азискиот гигант.  (МИА)

Коронавирус