сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Технологија

Го симна Месинџер од тронот – оваа апликација била најсимнувана во 2020-та година

Го симна Месинџер од тронот – оваа апликација била најсимнувана во 2020-та година

ТикТок беше најсимнуваната апликација во светот во 2020 година, земајќи го првото место од Фејсбук Месинџер, објави компанијата за дигитална аналитика App Annie.

-Кинеската платформа за споделување видеа е единствената апликација што не е во сопственост на Фејсбук, меѓу првите пет најсимнувани во светот. Сопственикот на ТикТок, Бајт Денс мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг и во сопствената земја, го држи првото место со видео апликација на кинески Доуин, кинескиот колега на ТикТок , пренесува ББС.

Од почетокот на истражувањето во 2018 година, водечките позиции ги имаа апликации во сопственост на Фејсбук, кои се уште доминираат во рангирањето. Апликациите на Цукерберг се рангирани меѓу првите пет, а покрај Месинџер на Фејсбук тука се и Ватсап и Инстаграм.

Коронавирус