недела, 16. декември 2018. Вести денес: 86
home Технологија

Германски научници одгледаат зеленчук на Антарктикот

Германски научници одгледаат зеленчук на Антарктикот

Научници на Антарктикот го набрале првиот род зеленчук кој е одгледан без земја, дневна светлина или пестициди. Тој зеленчук е направен како дел од проект кој има за цел да им помогне на астронаутите, еден ден да одгледуваат свежа храна на друга планета.

Истражувачите од германската станица Хојмајер набрале 3,6 килограми зелена салата и 18 краставици кои се произведени во „хај-тек“ стаклена градина бидејќи температурата надвор е под 20 степени Целзјусови.

Американската вселенска агенција НАСА успешно одгледува зеленчук на Меѓународната вселенска станица.

Даниел Шуберт од ДПР вели дека целта на проектот на Антарктикот е производство на различни видови храна кои еден ден би можеле да се одгледуваат на Марс или на Месечината.