понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Технологија

Францускиот огранок на Фејсбук ќе плати 104 милиони евра даночен долг

Францускиот огранок на Фејсбук ќе плати 104 милиони евра даночен долг

Францускиот огранок на Фејсбук се согласи да плати повеќе од 100 милиони евра даночен долг, вклучително и парична казна, кој ги опфаќа сметководствените години пред 2018 година, објавено е на веб-страницата на француското финансиско списание „Капитал“.

Според документацијата до која „Капитал“ имал пристап, на Фејсбук му било наложено да плати вкупно 104 милиони евра долг, кој вклучува и казна од 22 милиони евра.

Од компанијата се уште нема коментар, а од француското Министерство за финансии велат дека не можат да коментираат за поединечни даночни случаи. 

Коронавирус