петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 163
home Технологија

Фото: Нов ѕвер од „BMW“

Фото: Нов ѕвер од „BMW“

„BMW“ го претстави новиот модел од серија 2 Гран Купе. Најатрактивната верзија од овој автомобил е спортскиот „М235i“.

Во себе има 2.0 литарски турбо- бензин мотор со 305 коњски сили и „xDrive“ погон за пренесување на силата на сите четири тркала.

Менувачот е автоматски со осум брзини и овој автомобил од 0 до 100 км/ч забрзува за само 4,7 секунди.

Автомобилот е оплеменет со бројни компоненти изработени од карбон или хромирани и детали од сјајно црна пластика.

Купувачите ќе можат да одберат помеѓу 18 и19 инчни бандажи.

Ентериерот го краси новиот спортски волан со црвен маркер на врвот.

Почетната цена на „BMW М235i“ во Германија изнесува 51.900 евра.