среда, 19. декември 2018. Вести денес: 124
home Технологија

Фејсбук воведува нова опција која на многумина ќе им се допадне

Фејсбук воведува нова опција која на многумина ќе им се допадне
FILE - This Oct. 11, 2010 file photo, shows the logo of the online network Facebook, recorded in Munich with a magnifying glass of a computer screen of a laptop. Facebook said Tuesday, Nov. 29, 2011, it is settling with the Federal Trade Commission over charges it deceived consumers. The FTC had charged that the social network told people they could keep the information they share private and then allowed for it to be made public. The charges go back to 2009.(AP Photo/dapd, Joerg Koch)

Софтверските инженери постојано тестираат десетици функции за да ги подобрат перформансите и да им олеснат да најдат содржини на Фејсбук. На тој начин социјалната мрежа се надева дека ќе направи да поминуваме повеќе време на нашите сметки. Компанијата веќе неколку месеци експериментира со различни иновации, но само најдобрите се интегрираат во корисничките сметки.

Имено, Фејсбук ќе ни овозможи да додаваме музика на фотографиите и видео клиповите.

Информацијата беше лично потврдена од продукт менаџерот на Фејсбук Сторис, Мата Патерсон. Од изјавата дознаваме и дека Фејсбук Сторис веќе има активна корисничка база од над 300 милиони корисници.

Новата карактеристика нема да биде ограничена само на приказните во социјалната мрежа, но исто така ќе се користи и во потокот со вести. Додавањето претпочитана музика на нашите фотографии и видеа ќе ни овозможи да бидеме покреативни и да создаваме поатрактивни содржини.

Откако ќе испратите слика или видео од вашиот уред, ќе треба да кликнете на иконата „Sticker“, по што ќе се појави листата на можни парчиња.

Фејсбук исто така ќе ви овозможи да наведете точно кој дел од песната сакате да го користите како позадина. Вашите пријатели ќе го видат името на песната и уметникот во форма на „налепница“ во самата публикација. Ако се оди според планираното, во рок од неколку недели функцијата ќе биде достапна за сите регистрирани сметки на најпопуларната социјална мрежа. (МИА)