вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 107
home Технологија

Фејсбук со нова опција, а не е „дислајк“, еве за што станува збор

Фејсбук со нова опција, а не е „дислајк“, еве за што станува збор

Покрај вообичаениот „Лајк“ и другите реакции (Супер, Хаха итн.), Фејсбук сега има уште една опција – оценки на коментарите. Стрелките горе и долу по се изгледа се идеја преземена од друга друштвена мрежа – Редит, каде оваа опција ја има веќе некое време.

Фејсбук претходно ја испробуваше таа опција на мал број корисници. Ова, се чини, е најблиску до она што некои одамна го „заговараат“: „Дислајк“ опцијата којашто би била спротивност на „Лајк“.

Разликата е во тоа што наместо реакциите под објавите и коментарите, стрелките засега ќе бидат достапни само кај коментарите, но не и кај текстуалните објави и фотографиите.

Фејсбук уште нема коментар за овие наводи.