сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 71
home Технологија

Фејсбук призна дека направил грешка

Фејсбук призна дека направил грешка

Фејсбук и официјално објави дека го прекинува експериментот со поделба на основната страна на „њуз фид“ и „експлор фид“ и практично призна дека направил грешка.

Со експериментот беа опфатени шест земји: Шри Ланка, Србија, Словачка, Боливија, Гватемала и Камбоџа.

-Луѓето не сакаат разделен фид, резултати од анкетата го покажуваат тоа, напиша раководителот на њуз фидот во фејсбук Адам Мосери

Компанијата во моментов се фокусира на друг експеримент посветен на промоција на локални вести, сега за сега достапно само во шест градови.