понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 119
home Технологија

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисници на борба против дезинформациите и да ги препознаваат „веродостојните“ извори.

– Премногу сензационализам, дезинформации и поделеност во денешниот свет, оцени извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, додавајќи оти социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да пласираат информации побрзо од кога било.

Фејсбук, која има повеќе од две милијарди корисници, најави дека помеѓу другото ќе користи и анкети со цел да утврди кои медиумски куќи се веродостојни за корисниците на таа социјална мрежа.

– Тоа нема да го промени бројот на информации кои ќе ги видите на Фејсбук. Тоа само ќе ја смени рамнотежата на информации во корист на изворите кои се оценти како веродостојни, посочи Цукерберг.

Тој најави дека од следната недела „Њуз фид“ (News Feed) ќе дава предност на квалитетните вести пред вестите објавени од помалку веродостојни извори.