понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 73
home Технологија

Фејсбук конечно ја ограничи достапноста на податоците

Фејсбук конечно ја ограничи достапноста на податоците

Американската компанија Фејсбук соопшти дека ќе ја ограничи достапноста на некои податоци за корисниците во сетот на мерки кои ги презема по скандалот со кршење на приватноста.

Британската компанија Кембриџ аналитика обвини дека користела лични податоци на милиони корисници, кои биле собрани на Фејсбук, за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016. година.

Фејсбук денеска наведе дека Кембриџ аналитика можеби имала неовластен пристап до податоците на 87 милиони луѓе, а не на 50, како што се мислеше во почетокот.

Во склоп на најавените промени, Фејсбук со внатрешни апликации ќе го ограничи пристапот на случувања на кои еден корисник на социјалната мрежа има намера да оди, како и пристапот на информации од Фејсбук групите, како што е списокот на нивните членови и содржината.

Компанијата исто така ќе ја тргне опцијата на барање корисници според телефонскиот број или имејл адреса. Иако тоа досега им помагаше на поединци за да најдат некого, Фејсбук наведува дека компаниите кои имале телефонски број или мејл адреси на корисниците, можеле на тој начин да собираат податоци за профилите.

Во понеделник сите корисници на Фејсбук ќе добијат известување за да можат да ги видат апликациите, но и за да одберат кои видови на информации одбрале да ги делат со тие апликации. На тој начин ќе имаат можност да ги избршат апликациите кои веќе не ги сакаат.

Корисниците бидат информирани и дали нивните податоци се меѓу оние до кои Кембриџ аналитика имала пристап, а такви корисници најмногу ги има во САД, соопшти Фејсбук.