недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Технологија

Фејсбук ги ограничува објавите во живо

Фејсбук ги ограничува објавите во живо

Фејсбук соопшти дека го заострува пристапот до објави во живо, со цел да го спречи ширењето на насилни видеа по нападите на џамии на 15 март во Нов Зеланд.

Директорот на Фејсбук за интегритет на социјалните медиуми, Гај Росен изјави дека нападите во Нов Зеланд ја навеле компанијата да испита како може да ги ограничи услугите за да не бидат користени за предизвикување штета или ширење омраза.

Според него, луѓето кои ги прекршиле правилата на користење ќе бидат ограничени во користењето на објави во живо. Росен посочи дека по едно прекршување на ограничувањата на корисниците ќе им биде забрането да ја користат услугата.