петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 35
home Технологија

Еве како правилно да ги чувате летните гуми за подолго да траат

Еве како правилно да ги чувате летните гуми за подолго да траат

Речиси еден месец е на сила задолжителната обврска за зимска опрема за возилата, а доколку се уште соодветно не сте ги складирале летните пневматици би требало да знаете неколку важни информации

Со правилно чување гумите не ги губат своите карактеристики и нивниот век на траење ќе биде подолг. Експертите од Goodyear подготвија неколку корисни совети.

Пред складирање, гумата исчистете ја од прашина, отстранете ги каменчињата и останатите ситни предмети кои би можеле да ја оштетат гумата или да влијаат на површината.

Чувајте ги гумите во темно, суво и студено место бидејќи изложувањето на дневна светлина, особено УВ зраците им штетат.

На пневматиците исто така им штети контакт со масла, лакови и горива.

Гуми со бандаж

Ако гумите ги складирате со бандажи, тогаш најпрво треба да го намалите притисокот на воздухот, но не целосно да ги испразните. Гумите со бандаж не ги складирајте во исправена положба, туку закачете ги на носачи. Доколку не можете ова да го направите, тогаш поставете ги гумите една над друга, но да не биде повисоко од 1,5 метри.

Гуми без бандаж

Гумите наместете ги исправено, а меѓу нив оставете малку простор.

Се препорачува на секои четири недели да ги превртите за пневматикот да не се деформира.

Коронавирус