сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 51
home Технологија

Епл купи компанија во областа на вештачката интелигенција за 200 милиони долари

Епл купи компанија во областа на вештачката интелигенција за 200 милиони долари

Американската компанија Епл потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот „Икснор“, кој работи на развивање системи на вештачка интелигенција за паметните апарати, посебно оние кои работат независно од мрежите и немаат достап до „облачните“ податоци, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Според весникот, за стартапот претендирале и Амазон, Мајкрософт и Интел. Понудата на Епл била најприфатлива, истакнуваат извори за изданието.

Според нив, технологиите на „Икснор“ за паметни апарати им овозможуваат на корисниците на Епл целосно да ги контролираат своите лични податоци. Исто така, со технологиите на „Икснор“, критично важни апликации можат да продолжат да работат и во услови на прекин на врската со „облакот“.

Овој чекор на „Епл“ може да стане важен дел од маркетингот на компанијата, затоа што таа се обидува да биде поразлична од Гугл или Фејсбук, истакнуваат познавачите. Епл не коментираше за купувањето на компанијата.