недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Технологија

Експеримент: Ако фрлите Ајфон 11 и Нокиа 3310, кој ќе остане цел

Експеримент: Ако фрлите Ајфон 11 и Нокиа 3310, кој ќе остане цел

Ако сте дале еден куп пари за „ајфон 11“, веројатно идејата да го фрлите од хеликоптер ќе ви се чини прилично лоша. Но, тројца јутјубери на јутјуб-каналот „How Ridiculous“, кој го следат над пет милиони луѓе, го направиле токму тоа.

За споредба, од 300 метри височина фрлиле и еден класик: легендарната „нокиа 3310“. На „ајфонот“ му ставиле заштитна маска при изведувањето на експериментот.

Прво го фрлиле „ајфонот“, кој завршил на земјата со скршен заден дел, но се чини дека немал проблем во функционирањето.

– Тоа е тоа. Скршен е, но не можам да верувам дека и понатаму работи, тоа е лудо – вели еден од јутјуберите.

Потоа го фрлиле телефонот „нокиа“, кој ја оправда својата репутација и по падот од 300 метри немал никакво оштетување. Дури успеале и да ја одиграат култната игра „Змија“.

– Тоа е неверојатен резултат. 300 метри. Ве молам аплауз за луѓето што го произведуваат мобилниот – заклучуваат тие.

 

Коронавирус